За светската економија во следната 2022 година голема опасност претставува појава на нов вид коронавирус, високата инфлација во развиените земји и ескалацијата на геополитичките тензии, пишува британското издание Гардијан.
Според економистот на „BCA Research“, Давала Џоши, во иднина ќе се појават нови видови на КОВИД-19. Еден од нив ќе стане „суперваријанта“ и може да создаде нови проблеми за глобалниот финансиски и економски систем.
Според авторите на написот во 2021 година, Банката на Англија – британската централна банка, федералните резерви на САД и Европската централна банка биле „изненадени“ од наглиот пораст на инфлацијата, предизвикана од повисоките цени на енергијата и недостигот на работна сила. Затоа, Банката на Англија соопшти дека трошоците за живот во Британија ќе се зголемат за повеќе од 5% до април 2022 година, по што ќе почнат да опаѓаат.
Експертите, исто така, ја наведоа ситуацијата во Кина како уште еден фактор што влијае на светската економија во 2022 година. Во написот на „Гардијан“ се вели дека во блиска иднина „економијата и геополитиката може да се судрат“, со оглед на „националистичката реторика на кинескиот претседател Си Џинпинг, особено во однос на Тајван“.
Експертите предупредија и на ризикот од економска криза во земјите во развој како Турција и Аргентина поради девалвацијата на нивните национални валути. Изданието го привлекува вниманието и на можноста за „колапс на финансиските пазари“ со оглед на забавувањето на глобалниот економски раст и, како резултат на тоа, построгата монетарна политика на централните банки.
Експертите сугерираат дека светската економија и геополитиката може да се судрат следната година. Состојбата во Кина и „националистичката реторика“ на кинескиот претседател Си Џинпинг би можеле да имаат особено влијание врз светската економија.
Претходно во декември, претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел рече дека појавата на видот „омикрон“ и зголемувањето на инфекциите со коронавирус претставуваат ризици за американската економија.











