Американската компанија Teslа објави дека испорача повеќе од 308.000 електрични возила во четвртиот квартал од 2021 година, со што го урна претходниот рекорд на испорачани автомобили за еден квартал.
Во текот на годината, Tesla испорача 936.172 возила, во споредба со 2020 година кога ја објави својата прва годишна добивка, со испорачани 499.647 автомобили. Во третиот квартал од 2021 година, испораките на возила достигнаа 241.300, што беше претходниот најдобар квартал на Теslа.
Компанијата не прикажува бројки за продажба или производство по региони. Според просекот на проценките составени од FactSet, аналитичарите на Волстрит очекуваа испораки на Tesla од 267.000 во четвртиот квартал. (Проценките се движеа од 245.000 до 292.000.)