Кина поставува светски рекорд – 6G далеку побрза од 5G

105

Кина го реализираше најбрзиот пренос на светот во реално време за терахерц безжична комуникација (THz), која е 10 до 20 пати поголема од 5G мрежите, објави Purple Mountain Laboratory.

Со домашно развиениот систем за безжична комуникација од 360-430 GHz, високотехнолошката лабораторија во Нанџинг, главниот град на источната кинеска провинција Џиангсу, постигна 6G-ориентирани 100-200 Gbps (гигабити во секунда) THz во реално време, известува CRI online.

Џоу Сиаоху, главен истражувач на лабораторијата, истакна дека технологиите за пренос на терахерци се основни за 6G мрежите и ќе бидат широко користени за да се реализира побрз пренос во нови типови на апликации како што се AR, VR и метаверзум.

„Покрај тоа, терахерц-технологиите, исто така, може да се користат интензивно во комуникациите во вселената и меѓу сателитите и на крајот да се реализираат интегрирани комуникации простор-земја-море“, додаде тој.