Како Ковид-19 помогна за рекордната продажба на Rolls-Royce?

255

Шефот на производителот на луксузни автомобили Rolls-Royce рече дека смртните случаи предизвикани од Ковид-19 помогнале на брендот да продаде рекорден број автомобили минатата година, откако богатите купувачи сфатиле дека „животот може да биде краток“.

Компанијата во сопственост на BMW продаде 5.586 автомобили во текот на годината, што е за 49% повеќе од 2020 година и е најголем број во нејзината историја, изјави извршниот директор Торстен Мулер-Отвос, цитиран од „ФТ“.

„Многу луѓе беа сведоци како нивните најблиски умираат од Ковид-19, што ги наведе да мислат дека животот може да биде краток и дека е подобро да се живее сега отколку да се одолговлекува. Тоа, исто така, му помогна на Rolls-Royce да продава во голема мера“.

Околу 5,5 милиони луѓе ја загубија битката со Ковид-19 ширум светот, што ја прави најлошата пандемија во еден век. Во Чичестер, Западен Сасекс и околните села каде што се наоѓа фабриката на Rolls-Royce, 88 лица починаа од КОВИД-19.

Побарувачката за автомобилите на марката расте ширум светот, а продажбата се зголемува на сите пазари.

Растот го предводат Кина и Америка, кои придонесуваат со околу 30% од продажбата. Европа и Блискиот Исток придонесоа со 20% и 10% соодветно. Продажбата на Rolls-Royce во Јужна Кореја и Русија е, исто така, силна, вели Mueller-Otvos.

„Сите пазари напредуваа ширум светот и ова е нешто што никогаш порано не сум го видел“, додаде тој.

Повеќето производители на автомобили минатата година беа погодени од недостатокот на полупроводници, додека Ролс-Ројс беше занемарен, делумно поради тоа што произведува помалку автомобили и му требаат помалку чипови.

Мулер-Отвос рече дека сопственикот на BMW, кој исто така го поседува брендот Mini, му помогнал на Rolls-Royce да ги добие потребните чипови.

Во срцето на продажбата на брендот минатата година беше моделот Cullinan, како и целосно обновениот модел Ghost.

Rolls-Royce, кој моментално продава само автомобили со 12-цилиндрични мотори со внатрешно согорување, кон крајот на следната година ќе го лансира својот прв електричен автомобил – Spectre и се подготвува да нуди само електрични автомобили до 2030 година.

„Типичните купувачи на Rolls-Royce немаат инфраструктурен проблем“, вели Мулер-Отвос, бидејќи можат да полнат електрични автомобили во своите домови или канцеларии.

Просечната возраст на клиентите на Rolls-Royce падна на 43 години во текот на годината, што значи дека „за секој 60-годишен клиент, имаме клиент на возраст од 20 години“, додаде тој.