Хрватската фудбалска федерација (ХНС) објави дека на 20 јануари ќе започне со продажба на крипто токен – „Ватрени“.
Сојузот на својата веб-страница наведува дека официјалната претпродажба сè уште не е започната, но дека со оставање на е-маил адреса може да се резервира место на листата на чекање.
ХНС истакнува дека цената на токенот ќе биде за 10% поевтина во претпродажба и ќе биде изразена во долари. Тоа е 5,90 куни (0,9долари ) со минимален влог од 3.280 куни (500 долари).
Кога ќе излезе на продажба, ќе вреди 6,56 куни (1 долари) со минимален влог од 164 куни (25 долари).
Дел од предностите кои ќе ги имаат сопствениците на токени се: учество во носење на некои одлуки, предност на купување на билети за натпревари, право на купување на ексклузивни производи.
Токените во иднина ќе можат да се искористат и за плаќање на 182 локации. Ланецот на маркети Конзум, кој прв ги прифати криптовалутите како платежно средство е една од овие локации.
Слично на биткоинот, снабдувањето со токени ќе биде ограничено. Планот на ХНС е да издаде 30 милиони токени. Не сите ќе бидат понудени на продажба веднаш, туку во фази во следните четири години.