Инфлацијата во Турција околу 36% – разрешен директорот за статистика

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го смени шефот на националната статистичка агенција Саит Ердал Дингер по објавувањето на податоците за инфлацијата.

Шефот на Националното биро за статистика Саит Ердал Дингер е мета на критики, откако на почетокот на јануари објави податоци, според кои годишната стапка на инфлација изнесува 36,1 отсто, пренесува Б92.

Ова е највисокото ниво на инфлација во Турција во последните 19 години.