Amazon ја оствари најголемата еднодневна добивка во историјата на американската берза

110

Гигантот за е-трговија е на пат да ја зголеми својата пазарна вредност за речиси 200 милијарди долари, доколку зголемувањето на вредноста на акциите од 14 отсто, постигнато во тргувањето по вчерашното затворање на Волстрит, продолжи денеска во текот на редовниот трговски ден.

Амазон го враќа на американскиот пазар на капитал она што Мета платформс го одзеде само еден ден претходно, заклучува Блумберг.

Тоа би било најголемата еднодневна добивка во историјата на американската берза само еден ден откако матичната компанија Мета платформс го допре другиот крај на тој спектар.

Порастот на вредноста на акциите на Амазон доаѓа откако резултатите на Мета го имаа најлошиот ден од март 2020 година, по што се стравуваше дека настанот ќе се прелее и на други компании од големата технологија. Меѓутоа, се покажа дека е токму спротивното и дека сите други  Big Techкомпании се во плус, освен Мета, која е единствената која има бизнис модел базиран на социјална мрежа.