Србија ќе го ограничи увозот на македонско вино, грозjе и домати

16

mkd-61715Србија најавува ограничување на увозот на македонското вино, гројзе и домати.

“Македонија не го почитува постигнатиот договор да се укине уредбата за ограничување на увозот на пченица од Србија, со што домашните земјоделци трпат загуба“, пишува весникот Новости.

Според пишувањето на српските медиуми, владата само најавувала реципрочни мерки, но експертите напоменуваат дека е задоцнето со реакција и штетата е веќе направена.

“Сакавме да избегнеме трговска војна, која не е добро решение за ниедна страна, но сега мора да ги заштитиме нашите произведувачи. До сега бевме толерантни, меѓутоа мекедонската страна очигледно го крши договорот за слободна трговија. Не сакавме на своја рака да носиме мерки на реципроцитет за мекедонскиот извоз и имавме став дека проблемите треба да ги решаваме низ институциите на ЦЕФТА. Со оглед дека досега Македонија не ја тргна одредбата, мораме да реагираме и да им го ограничиме извозот на вино, грозје и домати”, вели Данило Голубовиќ, Државен секретар во Министерството за земјоделство на Србија.

Mакедонските  надлежни органи сметаат дека договорот од ЦЕФТА не е прекршен, бидејќи според договорот, земјите имаат право да воведат заштитни мерки ако дојде до дестабилизација на пазарот за одреден производ.