Нема муниција за оваа криза, сè беше потрошено во ковид, рече Нуриел Рубини, професор по економија на Универзитетот во Њујорк, кој предвиде колапс на пазарот на недвижности и кризата во 2008 година, што донесе драматичен пад на довербата на потрошувачите и длабока рецесија.
Рубини сега повторно ја споменува стагфлацијата, ситуација кога БДП опаѓа или стагнира додека цените значително растат и вели дека таквата состојба сега е „многу веројатна“.
„Веќе е јасно краткорочното влијание на војната на финансискиот пазар. Во услови на огромен стагфлациски шок, кој го зголемува степенот на ризик, глобалните цени на акциите веројатно ќе се преселат од тековната корекциона зона (минус 10 проценти) на пазарот „мечки“, при што цените ќе паднат за 20 проценти или повеќе“, изјави Рубини.
За централните банки длабокиот стагфлациски шок е кошмарно сценарио.
Економските и финансиските последици од војната и стагфлацискиот шок секако ќе бидат најголеми во Русија и Украина, а потоа и во Европската Унија поради нејзината голема зависност од рускиот гас. Но, дури и САД ќе страдаат, оцени тој.
Глобална стагфлација
За феноменот на стагфлација и можноста да се најдеме во неа Рубини, попознат како Др. Пропаст зборуваше и порано.
Поради успешното предвидување на кризата во 2008 година, тој минатата година во неколку наврати посочи дека на светот му се заканува стагнациона криза слична на онаа во 70-тите години.
Како што изјави во една од неговите написи ова лето: „Ни остана најлошото и од кризата во 1970-тите и од кризата по 2007 година. Стапките на долг се многу повисоки отколку во 1970-тите, а комбинацијата на лабави економски политики и негативни понудените шокови ќе ја поттикнат инфлацијата, со што ќе се создадат услови за „мајката на стагфлаторните должнички кризи“ во следните неколку години“.
Во својот последен текст, сепак, тој ја поставува стагфлацијата како едно од четирите можни сценарија со кои се соочува светската економија.
Како што напиша Рубини за сценариото за „стагфлација“ пред околу една и пол година, „инфлацијата ќе продолжи да се поттикнува со лабава монетарна, кредитна и фискална политика. Централните банки, заробени во долгови поради високите коефициенти на јавно-приватен долг, ќе се борат за нормализирање на инфлацијата без колапс на финансискиот пазар“.











