Финансиски гуру: Како да постигнете финансиски мир

243

Дејв Ремзи е добро познат финансиски гуру кој им помага на луѓето да „преземат контрола“ над своите пари и да се ослободат од долговите.

Кога имал 26 години поседувал повеќе од милион долари, но имал и многу долгови кои произлегле од неговите инвестиции во недвижнини. Поради тоа банкротирал, а откако изгубил се, почнал да учи повеќе за парите, како да ги контролираме и да не дозволиме да не контролираат нас.

Оваа потрага го навела да ја преземе контролата над својот живот и повторно да се изгради во финансиски советник кој им помогнал на милиони луѓе да се ослободат од долгови и да преземат контрола над нивните животи.

Во породолжение цитати кои можат да им помогнат на сите што сакаат да научат како да управуваат со своите пари, но и да се ослободат од долговите:

  • Однесувајте се во согласност со вашата плата.
  • Ние купуваме работи што не ни требаат со пари што ги немаме да ги импресионираме луѓето за кои не ни е грижа“
  • Мора да стекнете контрола над вашите пари или недостатокот ќе ве контролира засекогаш.
  • За ваше добро, за доброто на вашето семејство и вашата иднина,  кога нешто не е во ред, станете и кажете дека не е во ред и не се откажувајте.
  • „Не мерете го вашето богатство по работите што ги имате, туку по работите за кои не би земале пари.
  • Верувам дека преку знаење и дисциплина е можен финансиски мир за сите нас.
  • Некои луѓе едноставно се заглавени на патот и им е испран мозок во верувањето дека кредитните картички и долговите се неизбежен дел од животот.
  • Нема кратенки кога станува збор за ослободување од долгови.
  • Како родители, ние ги учиме нашите деца работи за кои се чувствуваме компетентни да ги правиме. Затоа многу родители не ги учат своите деца за пари.
  • Нема ништо лошо во тоа да имате убави работи, но кога ќе се обидете да купите убави работи за да бидете среќни, ќе згрешите. Нема да успеете.
  • Паднав на дното и тоа беше најлошото нешто што ми се случило, а исто така и најдоброто нешто што ми се случило.
  • Потребна е дисциплина и напорна работа, но потпирањето на кредит кога работите ќе тргнат наопаку е замка.
  • Повеќето од работите што ги купуваме се желби. И ние ги нарекуваме потреби, но тие се желби.