Босна и Херцеговина во Бугарија остварила извоз од околу 12 милиони евра, односно за првите осум месеци годинава, БиХ во Бугарија го зголемила извозот за 143,8% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на бугарскиот Национален институт за статистика, пренесува Capital.ba.
Бугарија од БиХ увезува кокс и јаглен, оловна руда и технички концентрати, делови за конструкции, цинк, дрвен материјал, пластична и транспортна амбалажа, капути и кошули. Обратно, БиХ од Бугарија увезува нафтени масла, масла и битумен, хемиска дрвена маса, амонијак, тестенини, флуор, хлор, бром, епоксил и епоксилни смоли и овошје.