Deloitte: Само Окта на листата 500 најголеми компании во централна Европа

27

oktaИ оваа година на листата на 500 најголеми компании во централна Европа, што ја објави консултантско – ревизорската куќа Deloitte, од Македонија се најде само Окта и тоа на 404 место, за разлика од лани, кога беше на 335 место.

Ниту оваа година нема значителни промени на врвот на листата. На првите три позиции повторно се две компании од енергетскиот сектор, полски PKN Orlen и унгарски MOL, додека на третото место е чешка Škoda. На листата 500 најголеми компании од централна Европа доминираат полските компании, кои сочинуват една третина од вкупниот број. И оваа година скоро две третини од компаниите се од потрошувачкиот сектор и транспорт, како и од секторот енергетика.

“Иако секторот стока за широка потрошувачка и транспорт е застапен со поголем број компании, секторот енергетика води по остварени приходи, сочинувајќи дури 42% на листата”, истакна Ивица Крешиќ, директор на одделот за финансиско советување на Deloitte, пишува Банка.хр.

Од регионот, во првите 50 се наоѓаат хрватските компании Ина (28) и Агрокор (30) и словенечките Петрол (32) и Меркатор (44). Најмногу претставници на листата од поранешните југословенски републики има Словенија, дури 18. Веднаш по неа е Хрватска со 12, додека Србија бележи пад на бројот на претставници, од ланските 11, оваа година има само осум. За разлика од лани, кога немаше ниту еден претставник, оваа година Босна и Херцеговина е застапена со две компании, а Македонија со една, Окта, со 588,5 милиони евра приход од продажба.

Карактеристично за оваа година е успорувањето на растот на приходите. Минатата година приходите растеле 3,3%, а една година претходно 9,8%. Во првиот квартал од 2013 година е забележан пад на приходите за 0,5%.

Целата листа можете да ја погледнете тука.