Меркур конвертираше долг од 85 милиони евра во акции

58

Долгот на словенечкиот ланец за техника Меркур во износ од 85 милиони евра е конвертиран во акции. Конверзијата, за која преговорите траеја четири месеци и која на крајот беше за пет милиони евра пониска од планираната, ја извршија банките НЛБ, Абанка, Нова кредитна банка Марибор, Горењска банка, Хипо банка, Банка Копер, Фактор банка, Банка Цеље, ДБС, Поштна банка и компанијата Искрател. Новата сопственичка структура во Меркатор ќе биде позната по запишувањето на новите акции на 10 ноември.

Сега се на потег доверителите од лизингот, на кои Меркур им должи 30 милиони евра и не е исклучено и тие да ги конвертираат своите побарувања во акции.

Управата на Меркур веќе почна со реорганизација. Се трудат да ја зголемат продажбата и да ги оптимизираат трошоците, па затоа дел од мрежата во Словенија, Хрватска, БиХ и Србија веќе ги дадоа под наем. Го намалија бројот на добавувачи од 1.300 на 600 до 700, како и го намалија асортиманот од 150.000 на 60.000 до 80.000 артикли во продажните центри, за да биде одржлива задолженоста.

Во првата половина од оваа година, Меркур имаше вкупен долг од скоро 500 милиони евра и само 180.000 евра капитал.