Индексот на цените во земјоделството во август намален

46

Индексот на цените во земјоделството во август 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0,1%, а кај аутпутот е намален за 1,0%, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Во август 2013 година, во споредба со август 2012 година, индексот на цените на тековно потрошени средства во земјоделството (инпут 1) изнесува 99,9, а индексот на цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството (инпут 2) изнесува 99,8.

Во делот аутпут, во август 2013 година, во споредба со август 2012 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 96,4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103,8.