Цената на гасот во Европа падна под 450 долари за прв пат од крајот на јули 2021 година

46

Цената на гасот во Европа на тргувањето на берзата падна под 450 долари за 1.000 кубни метри за прв пат од крајот на јули 2021 година, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Во Холандија на референтниот индекс ТТФ цената на гасот падна на 443 долари за 1.000 кубни метри или 40,6 евра за мегават час.

Падот на цената на гаснот го покажува неуспехот на политиките кои рускиот претседател Владимир Путин сакаше да ги спроведе и да ја принуди Европа на потчинување поради високите цени и недостигот на гас. Неговите планови беа расипани со брзото прилагодување на ЕУ на течниот гас и невообичаено топлата зима.

Пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Европа ги обезбедуваше поголемиот дел од потребите за гас преку гасоводи од Русија. Рускиот вицепремиер Александар Новак еднаш се закани дека цената на гасот во Европа ќе биде над 4.000 долари за 1.000 кубни метри.