Американскиот производител на автомобили Форд во понеделникот ја отвори својата прва европска фабрика за електрични автомобили во германскиот град Келн, а почетокот на производството се очекува до крајот на годинава.
Сега работат на прототипови. Капацитетот на фабриката ќе биде 250.000 електрични автомобили годишно.
Компанијата инвестираше речиси 2 милијарди долари во фабриката.
Бил Форд, извршниот претседател на компанијата, го нарече центарот „почеток на новата генерација на чисто производство и електрични возила во Европа“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали инвестицијата како добра вест за Келн и за производството на автомобили во Германија. Хендрик Вуст, шеф на покраината Северна Рајна-Вестфалија каде се наоѓа Келн, исто така, го пофали овој потег.