Турски инвеститори заинтересирани за инвестирање во Неготинско

55

crveniИнвеститори од Турција се заинтересирани за инвестирање во откупно-дистрибутивен центар за овошје во Неготино, соопшти вчера градоначалникот на општината Ванчо Апостолов.

“Турците се заинтересираа за нашата нова индустриска зона, Црвени Брегови. Таму локалната самоуправа Неготино обезбедува комунално инфраструктурни предуслови за изградба на вакви и слични капацитети. Ќе сториме се што е во наша можност како локална самоуправа да донесеме една ваква инвестиција на неготинска територија”, изјави градоначалникот Апостолов по средбата со турска делегација од Кемал Паша во Турција.

Тој додаде дека Општината е насочена кон привлекување домашни и странски инвестиции.