Мета отпушти значителен број вработени од тимовите за борба против дезинформации

Мета отпушти значителен број вработени од своите тимови за борба против дезинформации, трол и вознемирување на своите платформи.

Овој потег предизвикува загриженост за изборите во САД во 2024 година, објави CNN, цитирајќи анонимни извори запознаени со ситуацијата.

Неколку членови на тимот за дезинформација на Мета за време на среднорочните избори во САД во 2022 година беа отпуштени минатата есен и пролет, рече изворот.

Портпаролот на Мета не прецизираше колку луѓе се отпуштени од тимовите кои работат на изборите, туку само рече дека „заштитата на изборите во САД е еден од приоритетите на компанијата“.

Новата платформа на Мета Threads доби 100 милиони корисници за пет дена, вклучувајќи познати и влијателни, како и контроверзни личности.