Меѓународен совет на аеродроми: Во 2023 година бројот на патници ќе достигне 8,4 милијарди

Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) очекува воздушниот сообраќај да достигне 8,4 милијарди патници на глобално ниво оваа година.

Пред пандемијата на Ковид 19, прогнозата за глобални патници беше 10,2 милијарди патници во 2022 година, но вистинскиот обем на патници во претходната година се проценува на 6,8 милијарди патници.

Очекуваните 8,4 милијарди патници во 2023 година, во споредба со прогнозата пред Ковид-19 од 10,5 милијарди патници за оваа година, претставува потенцијална загуба од 20,4 отсто, покажува анализата на ACI.