
Рускиот претседател Владимир Путин со указ ја продолжи важноста на посебните економски мерки за увоз и извоз на производи и суровини од Русија до крајот на 2025 година.
Горенаведените ограничувања се во сила од март 2022 година, а беа воведени како одговор на санкциите против Русија со цел „да се обезбеди безбедност и непречено функционирање на индустријата“, пренесува РИА Новости.
Руската влада тогаш донесе декрет со кој го прекина извозот на одредени стоки и опрема што влегле во земјата од странство, како што се земјоделски машини, транспортни средства, телекомуникациски и медицинска опрема – вкупно околу 200 артикли.
Забраната не се однесува на производите кои се пренесуваат преку граница за лична употреба, потсетува руската агенција.











