ФРАНЦУСКО-ИТАЛИЈАНСКИОТ сопственик на брендовите за очила Ray-Ban и Oakley е тужен поради наводно договарање со конкурентите за зголемување на цените за дури 1.000%.
Париската EssilorLuxottica SA, најголемата светска компанија за очила, „е поттикнувач и главен спроведувач“ на шемата за одредување цени на американскиот пазар, склучувајќи незаконски договори со Frames for America Inc. и For Eyes Optical Co., меѓу другите, според потрошувачка антимонополска групна тужба поднесена во петокот во федералниот суд во Сан Франциско, пишува Bloomberg.
Во тужбата се наведува и дека подружницата на EssilorLuxottica, EyeMed Vision Benefits, склучила антиконкурентни договори со илјадници даватели на нега на очи за да „наведат милиони потрошувачи да купат прескапи очила на конгломератот“. Потрошувачите тврдат дека незаконскиот дослух е прикриен со договор меѓу компаниите да не ги објавуваат условите на нивните договори.
EssilorLuxottica не ја коментираше тужбата. Околу 20 други производители на луксузни очила се исто така именувани како обвинети во тужбата. Случајот е познат како Fathmat v. EssilorLuxottica S.A., 23-cv-3626, Окружен суд на САД, Северна област Калифорнија (Сан Франциско).