
Францускиот производител на автомобили Рено очекува поголема продажба на електрични возила оваа година, и покрај слабеењето на економиите и потрошувачката, бидејќи намалувањето на цените на овие возила треба да ја зголеми продажбата.
– Од почетокот на годината забележуваме зголемена побарувачка за електрични автомобили – изјави извршниот директор за брендот Renault, Фабрис Камболив во интервју за стручниот магазин Autogazette.
Поради оваа причина, се очекува дека Renault ќе продолжи да бележи раст на продажбата на електронски автомобили во 2023 година. Понатаму, понудата на полупроводници се подобрува, па Камболив очекува ова да ја намали цената на е-возилата – и за купувачите и за производителите.
– Со нашиот бизнис за електричните возила Ampera, не само што ќе можеме дополнително да ги намалиме трошоците за е-автомобилите, туку и фиксните трошоци на нашата компанија – рече Камболив.
Рено моментално е во фаза на трансформација и планира да се подели на неколку независни делови. Одделот за електрични автомобили и софтверот Ampera треба да се одвои во втората половина на годината, а потоа да излезе на берзата.
Камболив очекува намалувањето на трошоците да го направи Renault поконкурентен на пазарот на е-возила, пренесувајќи ги заштедите на клиентите. Групацијата работи на понуда за е-автомобил за 25.000 евра.
Продажната цена на новата електрична верзија на моделот на возилото R5 исто така би требало да биде помала од 30.000 евра.











