Париз целосно го забранува изнајмувањето на електрични тротинети

Оваа недела Париз ќе стане еден од ретките градови во Европа со целосна забрана за изнајмени електрични тротинети, пишува CNBC.

Досега, три компании со лиценца за управување со електрични тротинети во француската престолнина – Lime, Dot и Tier – потврдија дека ќе ги отстранат своите електрични тротинети до 1 септември.

Трите компании имаа комбинирана флота од приближно 15.000 електрични тротинети во градот. Како што пренесува CNBC, референдумот одржан во април им даде на парижаните два избора во однос на изнајмувањето скутери: да или не.

Резултатите од гласањето покажуваат дека 90 отсто од гласовите биле против. Од друга страна, градовите ширум светот дебатираат дали ваквите возила, кои се отклучуваат преку апликација и се плаќаат по минута, се опасна јавна непријатност или дел од иднината на урбаната мобилност.

Компаниите потенцираат дека нема да има промени во правилата за користење на приватни електрични скутери. Скутерите за изнајмување сè уште се присутни во други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј и Лион, а многу градови воведоа ограничувања за тротинети, како што се ограничувања на брзината и дозволените места за возење, како и паркинг зони со казни за корисниците.

Во Европа, Мадрид ја поништи претходната забрана оваа година и им дозволи на компаниите за изнајмување да се вратат под нови услови, како и Копенхаген во 2021 година.