Ако сакате да успеете држете се до овие навики

199

Многу успешни претприемачи имаат слични идеали и рутини, кои се клучен дел од успехот. Ако сакате да бидете успешни можеби треба да преземете навики од луѓе кои достигнале голем успех.

Успешните луѓе имаат утринска рутина. Писателката Лаура Вандеркам ги проучувала распоредите на луѓето кои постигнуваат многу повеќе од просечните. Открила една работа која на сите им е заедничка – будење рано.
Не паничат кога работите ќе тргнат наопаку. Многу луѓе се чувствуваат лошо кога работите не одат по план. Успешните луѓе се свесни дека не можат да контролираат сè и се подготвени на грешки. Соочување со проблеми е битна навика на успешните претприемачи. Планирајте дека ќе погрешите – така со грешките ќе се носите порационално.

Работат и кога не мораат. Рано наутро, навечер, за викенд многу луѓе не работат. Многу успешни луѓе работат секогаш кога се инспирирани. Ако имате добра идеја за работа, “фрлете“ се на неа додека е свежа.

Прво ги завршуваат најбитните задачи. Многумина по доаѓањето во канцеларија работат едноставни задачи како пишување на електронска пошта и административни работи. Но, нашиот мозок е најбистар наутро и тоа е најдобро време за завршување на креативни задачи.

Свесни се за важноста на тимската работа. Многу од најуспешните светски компании се започнати со тимска работа. Лери Пејџ и Сергеј Брин, го основаа Google, Стив Џобс и Стив Возниак го основаа Apple, додека PayPal беше идеја на петмина.

Големите успеси ретко се постигнуваат самостојно – успешните луѓе знаат да соработуваат, подготвени се на компромис и прифаќаат туѓи идеи.

Фото: Pixabay