Времето во Македонија денеска ќе биде нестабилно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои во западните и северните делови ќе бидат обилни над 25 л/м2. Во вечерните часови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина од над 70 км/ч. Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат од 13 до 22 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 18 степени.
Ветерот ќе продолжи да дува и во четврток. Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво. Се очекува раст на температурите.