Српските мелничари се жалат на проблеми со извозот во Македонија

47

47a3b686-856a-4e9e-ac63-7a58f7bc0356Извозниците на брашно од Србија повторно се соочуваат со потешкотии при извозот на стока во Македонија, а проблемот овој пат настанал поради контролните маркици, пренесуваат српските медиуми.

Имено, здружението на мелничари и пекари Житовојводина бара од српската владата веднаш да се стопира увозот на земјоделски производи од Македонија, бидејќи, како што тврди, извозот на брашно од Србија во Македонија бил целосно оневозможен.

“Иако наведените прописи стапија на сила, контролните маркици до денеска не се отпечатени, па извозниците на брашно до Србија се целосно онезвозможени да извезуваат брашно во Македонија”, стои во дописот упатен до српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ.

Операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место.

Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отварањето на пакувањето ознаките видливо и трајно се оштетуваат.