Инфлацијата во САД благо забави

Инфлацијата во САД забави во април, а потрошувачките цени пораснаа за 3,4 отсто, или 0,1 отсто помалку од март, објави во средата Заводот за статистика на оваа земја.

На месечно ниво, индексот на потрошувачки цени (ИПК) е повисок за 0,3 отсто, што е исто така помалку од еден месец порано кога порасна за 0,4 отсто.

Зголемените трошоци за бензин и домување се одговорни за повеќе од 70 отсто од месечното зголемување на вкупната инфлација, се вели во извештајот.

Основниот CPI, кој ги исклучува поиспарливите категории на енергија и храна, забави на 3,6 отсто, што е најниска стапка од април 2021 година.

Споменатите бројки се совпаѓаат со очекувањата на економистите. Според Си-Ен-Ен, тие предвидуваат месечен пораст од 0,4 и годишен раст од 3,4 отсто.

И покрај оваа охрабрувачка вест, се очекува каматните стапки да останат непроменети уште некое време.