Првите 190 патници пристигнаа со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, вчера пристигнаа првите 190 патници со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер.

“Им посакавме топло добредојде на првите 190 патници кои што пристигнаа со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер!Со слетувањето на охридскиот аеродром, нашите британски гости, желни за истражување и откривање, ја започнаа својата незаборавна авантура во историскиот и живописен регион на Охрид.“ соопштуваат од охридскиот аеродром.
Со два лета неделно, до крајот на септември голем број патници ќе имаат можност да уживаат во својот летен одмор и да создаваат спомени покрај Охридското Езеро.