BMW го претстави освежениот M3 во Sedan и Touring верзија

48

По претставувањето на освежената Серија 3, BMW го покажа и M3 за моделската 2025 година, кој има мноштво надградби и поголема моќност за моделите M3 Competition xDrive.

BMW избра да биде прилично конзервативен со својот пристап кон M3 за 2025 година, решавајќи да не ја менуваат стилската формула. Промените се фокусирани на нови фарови со различен распоред на врвовите на стрелките за дневни светла и трепкачи.

Другата визуелна промена за M3 е нов сет на алуминиумски тркала со светла сребрена завршница, додека моделите M3 Competition добиваат значки со сребрена граница.

За повеќе од ова, купувачите ќе треба да се одлучат за M Carbon Exterior пакетот. Овој пакет носи пластични компоненти засилени со карбон, како што се предни инсерти за довод на воздух, заден дифузор, капачиња на ретровизорите и заден спојлер. Ако сакате уште повеќе карбон, тогаш M Carbon Package ќе додаде карбонски керамички сопирачки, комплет спортски седишта M Carbon, управувач со Алкантара и облоги од карбон.

Помалку физички копчиња внатре

Во меѓувреме, има повеќе промени во кокпитот. На пример, внатре има помалку физички копчиња, при што оперативниот систем 8.5 на BMW ја презема контролата врз работите како што се прилагодувањата на климатизацијата. Сепак, добивате заоблен дисплеј со висока резолуција со информативен екран од 12,3 инчи и контролен дисплеј од 14,9 инчи.

Има нов управувач со рамно дно и со три краци за M3 2025, кој се одликува со повеќефункционални копчиња и црвен централен маркер. Плус, внатрешноста е подобрена за да вклучи контролна табла Sensatec со попремиум чувство, а опремата сега вклучува стандарден Aluminum Rhombicle Anthracite, со опционални M карбонски влакна и М фино брусен алуминиум.

Повеќе моќ

Под хаубата, М3 го задржува сето она што го прави репер во својата категорија, вклучувајќи го и турбо 3,0-литарскиот шестцилиндричен мотор. Во стандардна форма, ќе имате опција за шестстепен мануелен менувач и 473 КС кои ги придвижуваат задните тркала при што се достигнува спринт од место до „стотка“ за 4,3 секунди. M3 Competition добива осумстепен автоматик кој испраќа 503 КС на задните тркала и време од 4 секунди.

Во меѓувреме, BMW M3 Competition Sedan и Touring xDrive (или погон на сите тркала) сега добиваат 20 КС повеќе, за вкупна моќност од 530 КС при 6.250 вртежи во минута, со максимален вртежен момент од 650 Nm помеѓу 2.750 и 5.730 вртежи во минута. Оваа верзија може да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди, односно 3,6 секунди кај Touring верзијата.

Сите верзии на освежениот BMW M3 Sedan и M3 Touring имаат електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час како стандард, а со опционалниот M Driver Package бројката стигнува до 290 км/ч за седанот, односно 280 км/ч за караванот.

Книгите за нарачки за освежениот M3 се отворени, а производството започнува во јули 2024 година. Автомобилите ќе се произведуваат во фабриката на BMW во Минхен.

Преземено од Avtoplus.mk