Кои се топ 5 најтргувани акции во месец мај?

Акциите на Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка Скопје, Алкалоид Скопје, Макпетрол Скопје, Македонски Телеком Скопје се петте најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во мај, покажува Месечниот статистички билтен.

Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.583 и е зголемен за 4,28 отсто во однос на април кога изнесувал 1.518.

Според објавените податоци на Македонската берза вкупниот промет изнесувал 664.903.616 денари, додека во април изнесувал 662.800.312.

Билтенот за месец мај 2024 година можете да го преземете на следниов линк