Во септември издадени 121 одобрение за градење

21

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 се издадени 121 одобрение за градење, што е за 54,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.059.549 денари, што е за 112,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 81 (66,9%) се наменети за објекти од високоградба, 9 (7,5%) за објекти од нискоградба и 31 (25,6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 121 објект, на 88 (72,7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти (27,3%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 502 станa со вкупна корисна површина од 42.992 м2.