Работилница на Интел за развој на ИКТ во малите и средни претпријатија

35

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и потпретседателот на Интел Џон Дејвис  на почетокот на следната година договорија во Македонија да се одржи работилница за мали и средни препријатија.

Во рамки на работилницата експерти од корпорацијата Интел на присутните ќе им пренесуваат стручни знаења и искуства кои ќе помогнат нивните производи да бидат поконкурентни на странските пазари.

“На средбите со претставници од малите и средни претпријатија, експерите од Интел ќе ги презентираат најновите технологии коишто компанјиата ги има, како функционираат нивните лаборатории, алатки, апликации, со цел македонските претпријатија да бидат подготвени кога тие продукти ќе излезат на пазарот, како би можеле и тие да понудат решение кое ќе биде конкуретно на самиот пазар”, изјави Ивановски.

Ивановски и Дејвис во септември во Њујорк потпишаа Меморандум за разбирање во областа на информатичката технологија за земјоделски услуги, на Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој.

Cо Меморандумот ќе се овозможи руралните микропретприемачи да им нудат услуги за земјоделците во руралните заедници со користење на компјутерски уреди.

Потпретседателот на Интел, Џон Дејвис истакна дека Македонија напредува во многу сфери поврзани со ИКТ секторите, пред се образовните системи во земјата и нивната компјутеризација, со што се постигнува повисоко ниво на едукација и напредок во образованието.

“Сакаме да им помогнеме и на локалните компании во Македонија да ги користат новите технологии и новите софтвери за постигнување нивен поголем развој. Веруваме дека работилницата која ја подготвуваме за малите и средните претпријатија ќе ги даде очекуваните резултати”, истакна Дејвис.