Ford започна со производство на уште еден модел во Германија.
Станува збор за целосно електричен Ford Capri, кој ќе биде втор таков што ќе излезе од производната линија во германската фабрика, по Explorer.
Ова SUV купе е долго 4.630 mm, а целта е до октомври да се произведуваат повеќе од 600 примероци дневно. Капацитетот на фабриката е околу 250.000 парчиња годишно.
Capri ќе доаѓа во две верзии – моделот Standard Range има батерија од 52 kWh и чини од 45.000 евра нагоре, додека моделот Extended Range има батерија од 79 kWh и чини од 56.000 евра нагоре.
Моментално, фабриката во Келн ги произведува само овие електрични модели, па нивниот успех на пазарот (а досега добро им оди) ќе биде клучен за благосостојбата на сите вработени таму.