Цените на нафтата пораснаа

143

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од еден долар поради зголемената загриженост дека тензиите на Блискиот Исток би можеле да ескалираат, што потенцијално ќе го наруши производството на сурова нафта во регионот, по најголемиот воен напад на Иран против Израел досега.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ поскапеа за 1,08 долари или 1,47 отсто, на 74,64 долари за барел, додека американската „Вест Тексас интермедит“ (WTI) поскапе за 1,12 долари или 1,6 отсто, на 70,95 долари. За време на тргувањето во вторникот, двата одредници за сурова нафта пораснаа за повеќе од пет проценти.