Европските берзански индекси главно се во пад, цените на златото пораснаа

82

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пад, златото поскапе, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и на пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:20 часот порасна на 19.422,15 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.243,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.554,46 поени, а московскиот MOEX на 2.740 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.863,86 поени, индексот S&P 500 на 5.815,03 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.342,94 поени.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 74.204 долари, а на нафтата од типот брент на 77.690 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продавале по цена од 39.600 евра за мегават. – час.

Цената на златото порасна на 2.663,13 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,9479 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09243, што е приближно исто како и во петокот.