Турска компанија го купи Контејнерски терминал на пристаништето Бар

45

barТурската компанија Глобал портс од Истанбул, за осум милиони евра денеска го купи мнозинскиот пакет акции на Контејнерски терминал пристаниште Бар, пренесуваат црногорските медиуми.

Со договорот за купување 62,1% од акциите, Глобал портс се обврзува во рок од три години да реализира 13,5 милиони евра во реструктуирање на контејнерскиот терминал.

Турската компанија, според купопродажниот договор, ќе реализира и дополнителна инвестициска програма од 7,6 милиони евра, во период од пет години по фазата на реструктуирање.

Плановите на турската компанија се Контејнерскиот терминал на пристаништето Бар да го позиционира како главен регионален дистрибутивен и логистички јазол за регионот на Балканот.

Глобал портс холдинг во Турција управува со три водечки комерцијални и крузни пристаништа, Акдениз – Анталија, Еге портс – Кушадаси и Бодрум круз порт.