Падна цената на златото и пченицата

111

Во пораст денеска се европските и американските берзански индекси, како и цената на нафтата, додека на почетокот на трговската недела истовремено е забележан пад на цените на златото и на пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 09:15 часот порасна на 19.435,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.133,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.415,71 поени, а московскиот MOEX на 2.789,29 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 43.988,99 поени, S&P 500 на 5.995,54 поени, а вредноста на Nasdaq на 19.286,78 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.445 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 73.982 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 41.630 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2669,75 долари за унца, а на пченицата на 5,6326 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).