Цената на златото нагло порасна – еве зошто

44

Златото обично поскапува во време на геополитичка неизвесност и во средина на ниски каматни стапки, потсетува Ројтерс.

Цените на златото пораснаа втор ден по ред во вторникот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите за безбедното средство во услови на ескалација на тензиите меѓу САД и Русија околу Украина.

Со унца злато во вторникот по пладне на физичкиот пазар се тргуваше по цена од 2.637 долари, највисока од 11 ноември и за еден процент повисока од вчерашното затворање на тргувањето.

За ист процент порасна цената на златото кај фјучерс договорите на американскиот пазар, на 2.641 долар за унца.

Златото обично поскапува во време на геополитичка неизвесност и во средина на ниски каматни стапки, потсетува Ројтерс.

Во понеделникот цените на златото пораснаа за два отсто, поттикнати од вестите кои сигнализираа ескалација на руско-украинската војна и напнатоста во руско-американските односи.

Платината, пак, благо падна за 0,2 отсто, на 965,52 долари.