Регионален Фонд за развој на претприемништвото на Западен Балкан

38

evraЕвропската унија одлучи да го поддржи претприемништвото на Западен Балкан, па следната година ќе започне со работа регионалниот Фонд на претприемачки капитал. Фондот е наменет пред се за развој на мали и средни претпријатија, а вкупните средства од 140 милиони евра се планирани за различни иницијативи, гаранции и техничка помош на компаниите, наведе советникот на српскиот министер за економија, Ана Трбовиќ, на регионалната конференција на Еропската мрежа на претприемништво за конзорциуми од Југоисточна Европа, јавува Танјуг.

Се очекува на овој начин претпријатијата да имаат дополнителни извори за поволно финансирање, што во моментов е најголема пречка за нивниот развој.

Во регионалниот фонд ќе учествуваат Европскиот инвестициски фонд, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и со мал дел државите од регионот.

Регионалната конференција на Европската мрежа на претприемништво за конзорциуми од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија) се одржува денес и утре во Стопанската комора на Србија.