Дипломи со доцнење: Зошто студентите во Македонија не успеваат во рок?

Бројките не лажат – дипломираат помалку, учат подолго, а жените водат!

Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2024 година, 26.5 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право, соопшти Државниот завод за статистика.

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7 021 студент, што претставува намалување за 5.4 % во споредба со 2023 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 526, односно 78.7 % се редовни, а 1 495, односно
21.3 % се вонредни студенти,а дипломирани студентки се 59.4 %.

Од вкупниот број студенти, 35 % дипломирале во рокот, а 65 % по рокот.

Главни поенти

Дипломирани студенти – прв циклус:

  • 7 021 вкупно
  • 5 526 редовни
  • 1 495 вонредни