Каде има најмногу слободни работни места? Компаниите со 10 до 49 вработени најмногу вработуваат

Во првото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата Елементарни занимања, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2025 година изнесува
2.02 %, а најголем број, 2162, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања.

Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.78 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.29 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.38 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.65 %.

Највисока стапка на слободни работни места во првото тримесечје од 2025 година

  • Североисточен Регион: 2.78 %
  • Деловни субјекти со 10 до 49 вработени: 2.65 %