Александра Радевска повторно избрана за претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола

Стопанска банка АД Битола преку Македонска берза соопшти дека Александра Радевска е повторно именувана за член и претседател на Управниот одбор на банката.
“Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-2348/1/II-27 од 26 февруари 2025 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-10112/9 од 3 јуни 2025 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана  Александра Радевска“.

Александра Радевска по професија е дипломиран економист од областа сметководство и ревизија.