
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 6.0 % во април 2025 година во однос на април 2024 година
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2025 година во однос на април 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 %, Капитални производи за 11.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2025 година во однос на март 2025 година, изнесува 92.1, додека во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април 2024 година, изнесува 103.6.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2025 година, во однос на април 2024 година, изнесува 98.3, додека во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари –април 2024 година, изнесува 96.3.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во април 2025 година, во однос на април 2024 година, изнесува 107.2, додека во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април 2024 година, изнесува 104.8.
Вкупен промет во индустријата во април 2025 година во однос на април 2024 година
- Производство на прехранбени производи: +8.2 %
- Производство на електрична опрема: +18.7 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +94.7
Фото:Pixabay