Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има краткотрајни врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат од четири до 10 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до шест степени.