Во мај: Годишен раст од 12,2% на вкупните депозити и од 12,1% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,2%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства”.  

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 12,1% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.