ТАВ Македонија предупредува: Лажни страници шират дезинформации за „продажба на изгубен багаж“

Операторот на Меѓународниот аеродром Скопје, ТАВ Македонија, издаде официјално предупредување до јавноста поради појава на нови лажни Фејсбук-страници и профили што шират дезинформации за наводна продажба на изгубен багаж во име на аеродромот.

Според соопштението, преку овие лажни профили се споделуваат линкови до непознати веб-страници кои, лажно претставувајќи се како поврзани со аеродромот, бараат внесување на лични податоци и финансиски информации од граѓаните. Ова, потенцираат од ТАВ Македонија, претставува сериозен ризик од злоупотреба.

„Апелираме до сите патници и следбеници на нашите социјални мрежи да бидат крајно внимателни и да не внесуваат чувствителни информации на страници што не се официјално поврзани со нас,“ велат од компанијата. „Како сериозна и одговорна компанија, преземаме сите достапни правни мерки за справување со овие измами.“

ТАВ Македонија нагласува дека сите официјални информации за Меѓународниот аеродром Скопје може да се најдат исклучиво на следните канали:

веб-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/mk-MK/
Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://www.facebook.com/SkopjeAirport