Мирјана Трајановска именувана за Генерален директор за финансии во Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје преку Македонска берза ја информира јавноста за измена во составот на Управниот одбор, со именување на  Мирјана Трајановска за нов Генерален директор за финансии.

Именувањето е донесено врз основа на Одлуката на Надзорниот одбор на Банката (бр. 18/2025 од 24.03.2025 година), а добиена е и потребната согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, согласно Решението бр. 15-13009/5 од 19.06.2025 година.

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 18/2025 од 24.03.2025 год. и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-13009/5 од 19.6.2025, г-ѓа Мирјана Трајановска се именува за член на Управен одбор – Генерален директор за финансии на Банката.