
Со цел стимулирање на домашната економија и поддршка на македонските земјоделци, Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја започнаа кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“. Кампањата има за цел да ја зголеми потрошувачката на домашно произведени земјоделски производи, како и да го поттикне локалното производство.
Граѓаните ќе имаат можност да ги препознаваат домашните производи на полиците во маркетите благодарение на јасни ознаки за потеклото на секој производ – дали е произведен во Македонија или е увезен. Со оваа иницијатива, Владата очекува да се зголеми побарувачката за македонски производи, што директно ќе влијае на растот на земјоделското производство.
„Ако претходно имавме состојба каде што нивите се напуштаа, сега преку оваа кампања и конкретни мерки ќе ги поттикнеме земјоделците повторно да се вратат на полињата,“ се истакнува во соопштението.
Крајната цел е да се постигне земјоделска независност на државата, со јакнење на домашната продукција и креирање на одржлив економски модел. Кампањата е дел од поширока стратегија на Владата за раст на домашниот бруто-домашен производ (БДП) и развој на руралните заедници.