Исплатена дивиденда на акционерите на НЛБ Банка – над 2,2 милијарди денари

НЛБ Банка АД Скопје  соопшти дека на 25 јуни 2025 година ја изврши исплатата на дивидендата за своите акционери, согласно одлуката донесена на Годишното собрание на акционери одржано на 29 мај 2025 година.

НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 25.06.2025 година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување на износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 29.05.2025 година.

Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.217.142.356 МКД. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.596 МКД.

Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда во предвидениот рок.