Турската компанија „Чагатај Кабло“ со нова инвестиција во Македонија: 6 милиони евра и 200 нови работни места

Македонија наскоро ќе добие ново проширување на странска инвестиција, а овој пат станува збор за турската компанија „Чагатај Кабло“, која веќе е присутна на македонскиот пазар. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека утре ќе биде поставен камен-темелникот на новиот производствен погон на компанијата, со инвестиција вредна 6 милиони евра.

„Имаме инвестициски процес во периодот кој што следи, а новата таква инвестиција ќе биде утре. Тоа е турската компанија ‘Чагатај Кабло’, која што веќе функционира. Но, тие ќе најават проширување. Дополнителна инвестиција од 6 милиони евра, за нови 200 вработувања. Ќе направат нов погон, во кој што ќе го прошират својот произведен асортиман“, изјави премиерот Мицкоски.